Вкупниот германски јавен долг беше благо зголемен во 2014 година, но благодарение на растот на економијата износот прикажан преку БДП е намален, соопшти германската централна банка.
„Според прелиминарните пресметки, германскиот државен долг на крајот на минатата година изнесувал 2,16 илјади милијарди евра, односно на годишно ниво е зголемен за две милијарди евра“, пренесува агенцијата Франс прес.
Меѓутоа, бидејќи и БДП исто така е зголемен, нивото на јавниот долг изразен преку БДП е намален за 2,4 проценти поени на 74,7 проценти, наведува банката. Според правилата на ЕУ, јавниот долг на државите членки не смее да надминува 60 проценти од БДП.
Бундесбанк напоменува дека од 2010 година државниот долг на Германија е зголемен за 91 милијарда евра, односно за 3,1 проценти од БДП како резултат на мерките за финансиска поддршка на членките на еврозоната поради должничката криза.