20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Австрија во март 9,7 проценти невработеност

Во Австрија во март 9,7 проценти невработеност

avstrija

Стапката на невработеност во Австрија во март изнесувала 9,4 проценти, додека во февруари била 10,3 проценти, се наведува во прелиминарните податоци на Министерството за труд.

Според податоците на Евростат, Австрија е на второто место според стапката на невработеност во ЕУ, со 5,3 проценти во февруари. Во март 428.519 луѓе барале работа во однос на 466.226 во претходниот месец.

Ова е прв пат во Австрија да е регистрирано намалување на стапката на невработеност од месец септември минатата година.

Во март 2014 година стапката на невработеност, според националната норма изнесувала 8,5 проценти, а според европските норми 5,6 проценти.

Разликата во податоците на Евростат и австриското Министерство за труд е во методот на изработка на пресметките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП