21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто Американците ги селат парите во Европа

Зошто Американците ги селат парите во Европа

260958509551b9ea2768f9345477981_orig

Американските инвеститори од почетокот на годината масовно го преместуваат капиталот од САД во европските фондови, се наведува во извештајот на банката „Merrill Lynch“.

Американските фондови од почетокот на 2015 година изнеле капитал во вредност од околу 40 милијарди, поради што ова беше најлош почеток на годината за американската берза уште од 2009 година, пренесуваат белгиските медиуми.

Истовремено, во европските фондови се слеале околу 43 милијарди евра капитал.

Тоа се одрази и на движењето на индексите, S&P 500 со кој се тргува на Wall Street загуби 0,1 проценти од вредноста од почетокот на годината, додека Stoxx Europe 600 загуби дури 16 проценти од вредноста.

Аналитичарите на банката „Merrill Lynch“ таквата состојба ја објаснуваат пред се со лошите резултати на американската економија како и со растот на доларот.

Неодамнешните стимулативни мерки на Европската централна банка исто така влијаеле на таквите движења.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП