18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на Волстртит, инвеститорите внимателни

Пад на Волстртит, инвеститорите внимателни

Wall-Street1

Цените на акциите на Волстрит значително паднаа во вторникот, по силниот раст во претходниот ден, бидејќи инвеститорите се внимателни пред сезоната на објава на квартални деловни резултати на компаниите, а под најголем притисок беа здравствениот и енергетскиот сектор.

Dow Jones се намали за 200 поени или 1,11 отсто, на 17.776 поени, додека S&P 500 падна 0,88 отсто, на 2.067 поени, а Nasdaq се намали за 0,94 отсто, на 4.900 поени.

Откако во понеделникот скокна за над еден отсто, вчера берзанските индекси загубија поголем дел од загубите, а на вредност загубија акциите во сите 10 сектори од индексот S&P 500.

Најмногу, за 1,5 отсто, падна здравствениот сектор бидејќи спласна ентузијазмот на инвеститорите од претходниот ден поттикнат од најавите за преземања во овој сектор.

Индексот на енергетскиот сектор се намали за 0,9 отсто поради падот на цената на нафтата, со оглед дека се очекува Иран и шестте светските сили да постигнат договор за спорната нуклеарна програма, што би резултирало со укинување на санкциите и зголемен ирански извоз на нафта.

Инвеститорите се внимателни бидејќи наредната недела започнува сезоната на квартални деловни резултати на американските компании. На берзата владее стравување дека поради силниот долар во изминатата година резултатите на компаниите биле слаби, особено на мултинационалните компании.

Аналитичарите кои учествуваа во анкетата на Reuters проценуваат дека добивките на компаниите од составот на индексот S&P 500 во првото тромесечје паднале за 2,8 отсто на годишно ниво.

Сите три берзански индекси во март забележаа загуби. Dow Jones потона 2 отсто, додека S&P 500 се намали за 1,7, а Nasdaq 1,3 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП