18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCablevision ќе се обиде да го купи New York Daily News за...

Cablevision ќе се обиде да го купи New York Daily News за 1 долар

ny news

Американскиот провајдер на кабелска телевизија „Cablevision Systems Corp“ планира да направи понуда за стекнување на „New York Daily News“ уште оваа недела, оценувајќи таблоидот на само 1 долар, изјави извор запознаен со ова прашање, цитиран од агенциите.

Понудата би дошла еден месец откако њујоршкиот медиумски и имотен магнат Мортимер Цукерман објави дека размислува за продажба на весникот и ја најмил „Lazard Ltd“ за да помогне во процесот. Тој го нагласи намалениот број на читателите и длабокиот пад на приходите од реклами, кои го мачат таблоидот веќе со години.

Понудата од 1 долар на „Cablevision“ ја зема во предвид очекуваната годишна загуба од 30 милиони долари на „New York Daily News“, како и инвестиции во новата печатница за 150 милиони долари.

Весниците не се единствениот дел од медиумската индустрија, која има проблеми. Кабелските оператори како „Cablevision“ и неговите поголеми конкуренти исто се под притисок да го стопираат одливот на корисници од нивните кабелски претплати. Масовно корисниците се откажуваат од кабелските услуги и преминуваат кон модерните и удобни интернет услуги, како „Netflix“ и „Hulu“.

„Cablevision“ поседува и друг весник – „Newsday“. Компанијата, која е управувана од семејство Долан во Њујорк, минатиот месец изјави дека бројот на телевизиските претплатници е намален за 4,7% или на 2,68 милиони луѓе во четвртиот квартал од 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП