21 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНа работа сте опкружени со луѓе кои постојано се жалат? Еве решение...

На работа сте опкружени со луѓе кои постојано се жалат? Еве решение…

92369154155197f090560e689218288_w640

Опкружени сте со луѓе кои ја црпат вашата позитивна енертгија? Еве како да се справите со нив:

Дистанцирајте се

Обидете се да се дистанцирате од луѓето кои постојано се жалат и не дозволувајте да ве нервираат. Едноставно исклучете се кога ќе започнат со негативните коментари и не реагирајте воопшто. Луѓето кои постојано се жалат најчесто бараат публика и некој со кој ќе ги поделат фрустрациите. Не им дозволувајте вие да бидете нивниот издувен вентил.

Променете ја темата

Промената на темата е многу мудар потег, но нема да ви упали ако тоа го направите нагло. Морате на дискретен начин да ја промените темата на разговорот и да ја одвлечете таа личност во сосема друга насока.

Поттикнете ги да го променат размислувањето

Во текот на разговорите со лицето кое постојано се жали би требало да се обидете да го поттикнете на промена на размислувањето. Објаснете им како работите нема да се поправат сами од себе, туку е потребно да направат нешто за тоа прашање.

Обидете се да ги разберете

Без оглед колку ве нервираат тие луѓе кои постојано се негативни, обидете се да ги разберете. Можеби постои оправдана причина поради која тие се такви. Ако имале многу негативни искуства во својот живот тие едноставно навикнале да го очекуваат секогаш најлошото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП