7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел и Оланд ја минимизираат важноста на посетата на Ципрас во Москва

Меркел и Оланд ја минимизираат важноста на посетата на Ципрас во Москва

4316

Францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел во вторникот ја минимизираа важноста на посетата на грчкиот премиер Алескис Ципрас на руската престолнина Москва, истакнувајќи дека мора да продолжи работата на утврдувањето на ревидираниот список на економските реформи за Грција.

Францускиот претседател Франсоа Оланд, по разговорите со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, изјави дека „Грција знае дека Европа е нејзината иднина“. „Доколку Грција сака да остане во еврозоната, ќе продолжи тој процес и ќе придонесе за смирување на овој судир“, порача францускиот челник.

Како и Оланд и Меркел не придаде голема важност на новинарското прашање за посетата на Ципрас на Русија, споменувајќи дека и самата била во Русија. „Бевме во Москва и уште сме членки на Европската унија“, рече Меркел.

„Мораме да го продолжиме процесот и истовремено јасно да дадеме до знаење дека дадените ветувања, со варијации во контекстот на новата грчка влада, мора да се почитуваат. Време има многу малку и мораме да продолжиме да работиме“, изјави германската канцеларка, додавајќи дека министрите ги добиле своите упатства решението да го постигнат до крајот на април, но не одреди никаков датум како краен рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП