17 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИСо успорувањето на индустриското производство во Кина се намали цената на нафтата

Со успорувањето на индустриското производство во Кина се намали цената на нафтата

nafta-cena

Нафтата денеска поевтини на светските берзи како последица на информациите за успорување на растот на индустриското производство во Кина.

Американската „лесна“ нафта за испорака, во април на електронските тргувања пред отворањето на Њујоршката берза поевтини за 20 центи на 91,75 долари за барел, додека цената на европскиот „брент“ од Северното Море се намали за 37 центи на 110,48 долари за барел.

Врз падот на цената на нафтата влијаеја економските податоци од Кина кои покажаа дека во првите два мееци од годинава индустриското производство во земјата е зголемено за 9,9 отсто, за разлика од 11,4-те проценти забележани во истиот период лани.

Аналиитичарите оценуваат дека на берзите постои стравување дека успорувањето на растот на кинеското индустриско производство ќе резултира и со намалена потрошувачка на енергенси во Кина.

На падот на цената на нафтата влијаеја и информациите за раст на нафтените резерви и за пад на стапката на невработеност во САД, но и зајакнувањето на вредноста на американскиот долар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП