29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАМанифестација „Скопје се смее" по повод Светскиот ден на шегата пред Порта...

Манифестација „Скопје се смее” по повод Светскиот ден на шегата пред Порта Македонија Скопје

Image (15)

Град Скопје и Детскиот културен центар – „Карпош”, во среда на просторот пред Порта Македонија ќе ја организираат целодневната манифестација  „Априлијада  2015“.

Дневниот дел од традиционалната Манифестација по повод 1 април- Светскиот ден на шегата, се организира под мотото „Скопје се смее” и е наменета за децата од сите училишта, градинки и воопшто за децата на градот Скопје. Придружен дел на маските, како и изминатите години, ќе бидат игрите и песничките со фолклорната секција на ДКЦ „Карпош“ и хитовите од Златно славејче.

Манифестацијата „Априлијада  2015“  ќе започне во 11 часот, а градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на учесниците на манифестацијата ќе им се обрати  во 11:30 часот.

Ноќната забава ќе почне во 21 часот кај Порта Македонија, а ќе учествуваат Коста Костовски, Кристина Арнаудова, Јоце Панов, Александар Тарабунов, Бетиме Зејали, Биљана Дабеска, ДЏ Бабура и групата „The Noise makers”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП