18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија за три месеци го продолжи договорот за гас со Украина

Русија за три месеци го продолжи договорот за гас со Украина

Image (16)

Рускиот претседател Владимир Путин објави во вторникот навечер дека за три месеци е продолжен договорот за испорака на руски гас на Украина, кој истекуваше во вторникот на полноќ и можеше да предизвика прекин во снабдувањето.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев информирал во текот на средбата со претседателот Владимир Путин дека Киев барал обновување на споменатиот привремен компромисен договор потпишан ланскиот октомври со посредство на Европската унија, по повеќемесечните несогласувања околу цената и одбивања на украинската страна да го плати долгот, што предизвика прекини во снабдувањето.

Украинската гасна компанија „Нафтогаз“ објави во понеделникот дека побарала продолжување на договорот за уште една години, меѓутоа руски „Газпром“ одговорил дека е подготвен на период од три месеца, до 1-ви јули, прецизирајќи дека станува збор за одлука којашто е во доменот на руската влада.

„Договорот е продолжен за три месеци, без промени“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според овој договор Украина може да купува руски природен гас во количества коишто однапред ќе ги нарачи и плати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП