17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГраѓаните најмногу се жалеле на трудовите и пазарните инспектори

Граѓаните најмногу се жалеле на трудовите и пазарните инспектори

vanc

Од почетокот на оваа годината се пристигнати 64 поплаки до Инспекцискиот совет од граѓани и фирмите кои се жалат на работата на инспекторите.

Најмногу граѓаните се жалеле од Трудовата и од Пазарната инспекција.

– Најмногу поплаки има за несоодветно, некултурно или неправилно постапување на инспекторите. Претставките не значат дека секогаш има инспекциска повреда. Секој кој ќе биде казнет, на некој начин сака да се пожали некаде, но имаме и доста случаи кога жалбата е оправдана, изјави претседателот на Инспекцискиот совет Ванчо Каргов.

Каргов најави и нов систем за оценување на работата на инспекторите кои ќе се оценуваат квартално со цел да се подобри квалитетот на инспекцискиот надзор.

За четворица трудови инспектори од кои двајца од Скопје и по еден од Тетово и Струга се пожалиле граѓани и компании чии претставки денеска се разгледуваат од страна на надлежните во Инспекцискиот совет.

Покрај ова, на седницата ќе биде разгледана и жалбата за еден инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување.

Минатата година од страна на инспекциските служби извршени се над 200 илјади инспекциски надзори од кои најголем дел инспекции спровеле трудовите и пазарните инспекции и инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство и од Инспекторатот за земјоделство.

Донесени се 41.000 инспекциски мерки од кои најголем дел се решенија за отстранување на неправилностите, 1.000 мандатни казнувања, 3.200 покани за плаќање глоба, 3.600 прекршочни и 45 кривични пријави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП