3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на британската економија ги надмина очекувањата

Растот на британската економија ги надмина очекувањата

london_large

Британската економија порасна во последното тромесечје од минатата година побрзо од очекуваното, покажаа ревидираните официјални податоци.

Бруто домашниот производ (БДП) порасна во последните три месеци од 2014 година за 0,6 отсто, наспроти претходно проценетите 0,5 отсто, соопшти државниот завод за статистика.

Во целата 2014 година, БДП-то пораснало за 2,8 отсто, во однос на претходно проценетите 2,6 отсто, се вели во сооштението на ONS. Тоа воедно е најсилниот раст на британската економија од 2006 година, односно од пред глобалната економска и финансиска криза.

„Тоа е најбрз раст од 2006 година и потврдува дека Британија е најбрзо растечка економија во рамки на групацијата Г7“, констатира економистот Бен Бретел од брокерската куќа Hargreaves Lansdown.

„Ова е најнова во низата добри вести за економијата на Велика Британија, која сигурно ќе биде клучна тема на претстојните избори“, додава Бретел.

Британија излезе од рецесија и забележа раст на економските активности за време на мандатот на коалициската влада предводена од Конзервативната партија на Дејвид Камерон.

Парламентарните избори се закажани за 7-ми мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП