„Nissn Motor“ планира следната година да претстави новиот компактен кросовер, во чија основа ќе биде концептот „Kicks“ (на фотографиите). Моделот ќе се појави првично на пазарите во развој, пишува весникот „Autocarindia“.
Се очекува сериската верзија на „Kicks“ да биде прикажана на саемот во Индија во 2016-та година, а се предвидува таа да биде опремена со дизел моторот „K9K“ на алијансата „Renault-Nissan“, а кај него моќноста може да варира помеѓу 85 и 110 КС во зависност од подесувањата.
Концептот „Nissan Kicks“ беше прикажан на саемот во Бразил во 2014-та година, тој е заеднички проект на дизајнерските студија на брендот во Северна и Јужна Америка.
Сериската верзија нема да биде достапна во Европа, иако е можно да се појави на пазарот во Русија, каде Јапонците имаат свој фабрика.