21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе зголемуваат платите на полицајците

Се зголемуваат платите на полицајците

Image (13)

Зголемување на платите за пет отсто добиваат полицајците во април, а до 2017 година, платите ќе им се зголемат за 20 отсто, со што ќе се изедначат со оние на цариниците, најави минстерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Паралелно со овој процес, ако дојде до покачување на платите на останатите вработени во администрација, тоа ќе важи и за вработените во МВР, односно тоа ќе биде ново дополнително покачување независно од процесот на усогласување на платите.

„Како Влада низ еден партнерски дијалог во интерес на сите засегнати и во соработка со македонскиот полициски синдикат, работевме на Стратегија за усогласување на основната плата во МВР со основната плата со слични служби од јавната администрација и постигнавме договор усогласувањето да биде со платите во Царинската управа, при што освен тоа што ќе се обезбеди: етапно усогласување на платите во МВР ќе се признае и посебната улога на МВР во општеството заради ризиците, функциите кои ги врши и специфичните задачи во кои не се вклучени други структури на јавната администрација“, рече Јанкулоска, на прес-конференција.

Мерката директно ќе ја почуствуваат повеќе од 10.000 вработени во МВР, но и сите членови на нивните семејства.

Потенцирајќи дека полициските службеници и другите службени лица во МВР со нивното залагање и посветеност на работата го заслужуваат ваквиот третман Јанкулоска исто така истакна дека  почнувајќи веќе од наредниот месец, односно со исплатата на априлската плата која се добива на почетокот на мај, вработените во МВР ќе добијат плати кои ќе бидат повисоки за 5 отсто во однос на нивната мартовска плата која деновиве ќе биде исплатена.

За оваа намена Владата обезбеди дополнителни 250.000.000 денари до крајот на годинава. Усогласувањето ќе продолжи и во наредните две години и на крајот на 2017 година основната плата на лицата со посебни должности и овластувања ќе се изедначи со основната плата на лицата со посебни должности и овластувања во Царинската управа.

Тихо Климовски, пак, претседател на Македонскиот полициски синдикат истакна дека здравиот социјален дијалог со МВР, придонесе да се отпочне со процес на усогласување на платите и дека обемната компаративна анализа на работни тимови од синдикатот и МВР вроди со плод.

„Ова покачување ќе ја зголеми мотивираноста во извршувањето на службените обврски, ќе овозможи и реализација на актите кои се во завршна фаза на донесување во МВР односно на новиот Колетивен договор во МВР“, рече Климовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП