19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на невработеност во еврозоната 11,3 проценти

Стапката на невработеност во еврозоната 11,3 проценти

evrozonabhg76it7tr7tt

Стапката на невработеност во еврозоната во февруари изнесувала 11,3 проценти, што е најниското ниво од мај 2012 година, објави денес Европската агенција за статистика Еуростат.

Според податоците на Еуростат, стапката на невработеност во еврозоната во јануари била 11,4 проценти, а не 11,2 проценти, како што беше објавено претходно.

Агенцијата за статистика наведува дека невработеноста е намалена и на годишно ниво, бидејќи во февруари 2014 година изнесувала 11,8 проценти.

Во еврозоната минатиот месец имало повеќе од 18 милиони невработени, што е намалување за 49.000 лица на месечно ниво, односно за 643.000 на годишно ниво.

Германија е држава во која е регистрирана најниската стапка на невработеност, а Грција има највисока стапка, пренесува АФП.

Во Франција стапка на невработеност од 10,6 проценти, како и во јануари, а во Италија е зголемена од 12,6 во јануари на 12,7 во февруари.

Меѓу популацијата помлада од 25 години во февруари во еврозоната биле невработени 3.245 милиони лица, што е за 230.000 помалку во однос на февруари 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП