Град Скопје ги информира учесниците во сообраќајот, дека од 1 април, среда, завршува забраната за движење на тешки товарни моторни возила на подрачје на градот, односно на оние возила чијашто најголема дозволена маса надминува 15 тони.

Екипите на ЈП„ Улици и патишта“, како изведувач на работите, по налог на Град Скопје, во вторник, ги отстрануваат сообраќајните знаци кои беа поставени за временото ограничување и пренасочување на товарниот сообраќај, односно (времената сообраќајна сигнализација), со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот по уличната мрежа на град Скопје.