18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВолстрит: Цените на акциите скокнаа над еден отсто

Волстрит: Цените на акциите скокнаа над еден отсто

Wall Street Premarket

Цените на акциите на Волстрит скокнаа во понеделникот над еден отсто, што се должи на закрепнување на енергетскиот сектор и најавите за превземања.

Dow Jones скокна 263 поени или 1,49 отсто, на 17.976 поени, додека S&P 500 порасна 1,22 отсто, на 2.085 поени, а Nasdaq се зголеми за 1,15 отсто, на 4.947 поени.

Откако минатата недела потонаа за над два отсто, вчера берзанските индекси надокнадија добар дел од загубите. На вредност добија акциите во сите 10 сектори од S&P 500 индексот, а најмногу, за 2,1 отсто, скокна енергетскиот сектор, иако цената на нафтата благо падна.

Позитивно на Волстрит влијаеше растот на цените на акциите на европските и на азиските берзи, откако кинеската централна банка сигнализираше дека наскоро би можела да воведе нови поттикнувачки мерки. Цените на акциите во Шангај достигнаа највисоко ниво за последните седум години.

„Скокот на Волстрит е поттикнат од надежите за јакнење на светската економија. Сепак, растот на кинеската економија забавува, но властите најавуваат поттикнувачки мерки. Позитивно на берзите влијаеа и најавите за превземања“, вели Ури Ландесман, претседателот во компанијата Platinum Partners.

Израелскиот производител на лекови Teva Pharmaceutical Industries објави дека за 3,5 милијарди долари ќе ја купи американски Auspex Pharmaceuticals. Цената на акцијата на Teva порасна еден отсто, а на Auspex за дури 41 отсто.

UnitedHealth Group, пак, за 12,7 милијарди доалри ќе ја купи компанијата Catamaran. Цената на акцијата на UnitedHealth се зголеми за 2,5 отсто, а на Catamaran скокна за 24 отсто.

И покрај скокот на цените на акциите, обемот на тргувањето е потпросечен. Инвеститорите се воздржани поради неизвесноста по прашањето за зголемување на каматите во САД, кое ќе зависи од идите економски показатели.

Покрај ова воздржаноста се должи и на фактот што од наредната недела започнува сезоната на објавување на квартални деловни резултати на компаниите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП