23 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗInfiniti го продолжи својот QX50

Infiniti го продолжи својот QX50

qx50

Обновената верзија на кросоверот „QX50“ која ќе ја видиме за неколку дена во Њујорк, располага со продолжено меѓуоскино растојание, соопшти јапонската компанија „Infiniti“.

Моделот, познат порано како „EX“, добил дополнителни 3,2 инчи (80 mm) помеѓу предните и задните тркала, благодарение на што просторот во кабината сега е уште покомфорен, прецизираат од производителот на луксузни автомобили.

qx51

Информацијата е ограничена, но според весникот „Сarscoops“, реновираниот кросовер е изграден на платформата на моделот за пазарот на Кина, кој беше прикажан неодамна. Една од разликите на кинескиот „QX50“ е токму долгото меѓуоскино растојание.

Од „Infiniti“ засега не понудија фотографии од обновениот „QX50“, кој ќе се продава во Америка и Европа. Од производителот појаснуваат дека, сепак, тој добил обновен надворешен и внатрешен дизајн, како и повеќе модерна опрема и нови опции.

qx52

Сите детали за моделот треба да бидат познати веќе во средината на оваа недела, кога автосалонот во Њујорк ќе ги отвори вратите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП