26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНезначителен раст на инфлацијата во Германија

Незначителен раст на инфлацијата во Германија

inflacija

Инфлацијата во Германија во март оваа година, според прелиминарните податоци на Заводот за статистика Дестатис, на меѓугодишно ниво изнесува 0,3 проценти, додека на месечно ниво пораснала за 0,5 проценти.

Прелиминарните резултати се во согласност со очекувањата на аналитичарите кои учествуваа во анкетата на консултантската куќа Фактсет, пренесува агенцијата АФП.

Индексот на потрошувачките цени во Германија во месец февруари изнесувал 0,1 проценти на годишно ниво, по краткиот негативен јануарски тренд и падот од 0,4 проценти.

Во месец февруари месечната инфлација изнесуваше 0,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП