20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради одрон во прекин е сообраќајот на патот Прилеп-Битола-Ресен

Поради одрон во прекин е сообраќајот на патот Прилеп-Битола-Ресен

odroni_0

Поради поголем одрон, сообраќајот на патниот правец А3, Прилеп – Битола – Ресен, на обиколница Битола, на 100 метри пред тунелот е привремено во прекин, соопштија од АМСМ.

Сообраќајот се пренасочува низ Битола. На самото место поставена е соодветна сигнализација. Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат работат“ на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.

Според информациите од ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.

Според информациите од ДЦС МВР, на регионалниот пат Валандово – село Удово, поради обилни врнежи од дожд и надоаѓање на поголема количина на вода и наноси од песок и камења на коловозната лента, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента се до целосно санирање на состојбата.

На регионалниот пат Гевгелија – локалитет Смрдлива вода во местото викано Длабок дол, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лентa поради појава на свлечиште.

На магистралниот пат А-3 Кочани-Делчево, поточно на потегот село Истибања и Македонска Каменица, на повеќе места од патот има зголемена појава на одрони од камења.

На патниот правец Крупиште – Пробиштип кај село Неокази дојдено е до попуштање на патот преку двете коловозни ленти (расцеп околу 20 цм). Сообраќајот се одвива отежнато по една коловозна лента.

На територија на Струмица, поради оштетување на мост на река Турија, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на локалниот пат село Просениково –  село Сарај, а сообраќајот се одвива по заобиколен пат.

На патниот правец Кочани – Злетово, кај село  Киселица собраќајот се одвива со ограничена брзина од 30км/ч поради слегнување на коловозот во должина од 50 метри. Поставена е содветна сигнализација.

Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец село Дурачка река – село Дренак во должина од 7 км.

На регионалниот пат Куманово-Кратово кај излезот на село Железница има попуштеност на асфалт во должина од 10 метри и поставени се знаци за предупредување.

На патниот правец Лакавица – Неготино на 7км над село Лесковица има пропаѓање на патот во должина од 200 м. на кој е извршена санација. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. На овој дел сообраќајот се одвива забавено.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трaботивиште – Разловци е во прекинпоради попуштање на мостовите на река Брегалница.

Забранет е сообраќај за тешки товарни возила над 7,5 т. и автобуси на патен правец Ржаничино – Долно Коњаре поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП