19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас: Грција сака чесен договор со доверителите

Ципрас: Грција сака чесен договор со доверителите

aleksis-cipras-cipras

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека неговата земја сака „чесен договор“ со меѓународните доверители, но дека тој не е подготвен на секакви отстапки, и дека и натаму е неопходно да се преговара за грчкиот долг.

„Сакаме чесен договор со нашите партнери. Но не очекувајте дека ќе потпишеме безусловна капитулација. Затоа немилосрдно нé напаѓаат, но затоа општеството ни дава поддршка“, изјави премиерот Алексис Ципрас челникот на грчката радикална левица од парламентарната говорница во понеделникот доцна вечерта.

Неговата владата пред парламентот го поднесе извештајот за првиот договор кој Атина и нејзините доверители го потпишаа на 20-ти февруари. Спроведувањето на договорот кој предвидува продолжување на меѓународните позајмици за уште четири месеци, бара од владата да подготви нов список со реформи.

Атина вети дека ќе претстави конкретен список со реформи, како што бараат нејзините кредитори, односно Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, за да ја одобри преостанатата транша од 7,2 милијарди евра од актуелната програма за странска финансиска помош.

Меѓутоа, овој список уште официјално не е поднесен, изјави во понеделникот портпаролот на министерството за финансии. Грчките функционери влегоа во вторникот во петтиот ден од преговорите со кредиторите во Брисел, откако изминатиот викенд не успеаја да постигнат резултати. Извори од ЕУ рекоа дека грчката делегација претставило само електронски документи на мобилни уреди и тоа напишани на грчки јазик. „Списокот е премногу неодреден, не е веродостоен и не може да се провери“, изјавија извори од ЕУ.

Доколку Грција, чии граѓани се исцрпени од жестоките мерки за штедење, не успее да дојде до потребните финансиски средства, на 20-ти април ќе остане без пари, може да банкротира и да излезе од еврозоната. Атина претходно соопшти дека ќе ги претстави своите реформи до почетокот на седмицата, што сугерираше дека министрите за финансии од еврозоната, кои мора за тоа да разговараат, ќе се сретнат следните денови. Но сега тоа е не се чини веројатно, барем во текот на оваа седмица, изјавил за DPA европски извори кој сакал да остане анонимен.

Ципрас изјави дека на доверителите им предал список со „вистински“ реформи кои Грција ќе ја претворат во „модерна“ земја. Меѓу тие мерки, грчкиот премиер ги спомна борбата против криумчарењето тутун и горива, измамите со данокот на додадена вредност (ДДВ) и проверките на банкарските сметки на грчките државјани во странство.

Покрај тоа повторни дека е неопходно да се преговара за големиот јавен долг на земјата, од 177 отсто од бруто домашниот производ (БДП), без што „враќањето на долгот ќе биде невозможно“. Оваа дебата со доверителите „ќе започне навреме за во јуни да се склучи нов договор за развој на земјата“.

Ципрас ги нападна своите претходници поради тоа што „му ја оставиле земјата на работ на амбисот“. Поранешниот конзервативен премиер Антонис Самарас реагираше критикувајќи ги одлуките на владата на радикалната левица Сириза која ја обвини дека ја води земјата во хаос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП