25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУште еден удар за проблематичната економија на Јапонија

Уште еден удар за проблематичната економија на Јапонија

japonija14

Индустриското производство во Јапонија во месец февруари падна повеќе од очекувањата, односно за 3,4 проценти на месечно ниво. Тоа е последната во низата лоши вести за третата најголема светска економија која настојува да ги надмине негативните ефекти од минатогодишното зголемување на стапката на додадена вредност.

Последните податоци кои ги објави јапонското Министерство за економија, трговија и индустрија, значително се полоши од предвидувањата на економисите кои очекуваа пад на производството од два проценти и претставуваат голем пресврт во однос на јануарскиот раст на производството од 3,7 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Станува збор за последните тмурни вести за економијата на Јапонија, откако минатонеделните податоци покажаа дека инфлацијата во таа земја во февруари се намалила на нула прв пат во речиси две години.

Резултатот е значително понизок во однос на целното ниво на Централната банка на Јапонија од два проценти, во време кога оваа институција се бори да ја запре дефлацијата со пошироки мерки за стимулација на економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП