17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе повеќе српски туристи заинтересирни за Албанија

Се повеќе српски туристи заинтересирни за Албанија

albanija33

Бројот на српски туристи кои во изминатите две години се одлучиле да летуваат во Албанија бележи значителен пораст, а политиката за повеќето од нив не претставува пречка.

Една од причините за ова е фактот што Албанија значително го кренала квалитетот на понудата, а и цените се прилично ниски – 25 евра во сезона за полупансион во хотел со четири ѕвездички, пишува Б92.

„Побарувачката за аранжмани за Албанија дефинитивно е зголемена, но сепак оваа држава не е ни близу до сериозните дестинации“, вели Александар Сенинчиќ, директор на националната асоцијација на туристички организации.

Според него политичките причини не се толку актуелни, а и Албанија не е исто што и Косово.

„Кога станува збор за пријавите, ги имаше многу малку или воопшто ги немаше за разлика од Хрватска. Никој не се јавил да каже дека претрпел некаков вид на насилство или да доживеал непријатност во Албанија“, вели Сенинчиќ.

Сепак, постојат многумина кои дури и не можат да помислат да летуваат во Албанија, пред се од политички причини.

„Домашните агенции имаат аранжмани за Албанија, но многу туристи самостојно се организират. По белградскиот Саем за туризам, имаше уплати за оваа земја. Не е некоја бројка, но продадени се 150 аранжмани“, вели Сенинчиќ.

И албанските туристички агенции носат туристи во Србија. На пат кон Будимпешта и Виена, тие престојуваат една или две вечери во Белград.  А има гости и за фестивалити „ Егзит“, „Бирфест“ и џез фестивалот во Ниш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП