15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДанска е уште една европска земја која ќе се придружи на AIIB

Данска е уште една европска земја која ќе се придружи на AIIB

China's President Xi Jinping poses for photos with guests at the Asian Infrastructure Investment Bank launch ceremony at the Great Hall of the People in Beijing

Данска поднесе барање за придружување на Азиската банка за инфраструктурни вложувања (AIIB), на чие чело е Кина, објави во неделата кинеското министерство за финансии.

„Кина ја поддржува одлуката на Данска“, се наведува на соопштението објавено на интернет страницата на кинеското министерство за финансии, пренесува државната агенција Синхуа.

Претходно во саботата на форумот во градот Боао на јужниот кинески остров Хианан, членство во споменатата финансиска институција побараа и Русија, Австралија и Холандија, со што е зајакната оваа институција за којашто се смета дека ќе придонесе за регионалното и глобалното влијание на Кина.

Кинеското министерство за финансии претходно во саботата објави дека Велика Британија и Швајцарија формално се прифатени како основачки членки на Азиската банка за инфраструктурни вложувања (AIIB), ден откако Бразил ја прифати поканата на Кина да се придружи. Министерството објави дека и Австрија, исто така, испратила барање за членство.

Почетните 50 милијарди американски долари капитал на AIIB, во најголем дел ги обезбеди Кина којашто ја претставува оваа банка како инструмент за финансирање на регионалниот развој и како можен конкурент на меѓународните заемодавачи чии седишта се во САД, како што е Светската банка.

Кина во октомври 2014 година заедно со дваесет земји потпиша меморандум за разбирање со кој беше најавено основањето на развојната банка со седиште во Пекинг.

Азиската банка за инфраструктурни вложувања (AIIB), која претставува предизвик за постојните глобални институции како Светската банка и Азиската банка, доби студен одговор од САД, но и покрај тоа европските американски сојузници, меѓу кои се Велика Британија, Франција, Германија и Италија, веќе најавија дека ќе ѝ се придружат на банката. Други важни земји, како Турција, Јужна Кореја и Бразил, исто така, соопштија дека ќе се придружат на AIIB.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП