18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПорасна стапката на невработеност во Бразил

Порасна стапката на невработеност во Бразил

brazil1155

Стапката на невработеност во Бразил порасна во месец февруари на 5,9 проценти, што е втор последователен месец во кој е забележан раст на невработеноста и највисоката стапка на невработеност од 2011 година.

Февруарската стапка на невработеност е за 0,6 проценти повисока во однос на месец јануари и за 0,8 проценти повисока во однос на месец февруари во 2014 година, се наведува во соопштението на IBGE, пренесува агенцијата Франс прес.

Бројот на невработени лица во Бразил се проценува на 1,4 милиони, што е за 10,2 проценти повеќе во однос на јануари и за 14,1 проценти повеќе во однос на месец февруари минатата година, соопшти Институтот.

Ова зголемување на стапката на невработеност доаѓа во момент кога економијата на Бразил, седмата најголема економија во светот, има потешкотии поради четири последователни години во кои е забележан низок економски раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП