18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНема придвижување во преговорите меѓу Грција и ЕУ

Нема придвижување во преговорите меѓу Грција и ЕУ

stock-footage-hd-eu-and-greece-flags-flutter-in-the-wind

Тридневните преговори меѓу Грција и нејзините доверители за списокот со реформи, за кои Атина вели дека ќе ги поттикне државните приходи за три милијарди евра, не резултираа со придвижување, изјавија учесници на преговорите во неделата во Брисел.

Наместо ветениот конкретен список реформи, грчката делегација презентирала документи во електронски облик на мобилни уреди, и тоа напишани на грчки јазик.

„Списокот е премногу нејасен, не е веродостоен и не може да се провери“, изјави за DPА неименуван дипломат од Европската унија а предлозите на грчката влада кои се усно претставени.

Европската комисија сега го чека конечниот список кој Грција треба да го испрати следните денови. „Го очекуваме тој список на почетокот од следната седмица. Грција со години ги одложува реформите“, изјави потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис во неделата за интернет изданието на Die Welt.

Реформите се предуслов кој го поставија грчките доверители, Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд за давање финансиска помош за Грција. Претставниците на грчката влада и нејзините доверители целиот изминатиот  викенд преговараат за да го усогласат списокот реформи коишто Грција мора да ги спроведе.

Следната седмица Грција би морала да постигне договор со своите доверители за да го добие дел од последната транша од меѓународната финансиска помош, без што ќе се најде во ситуација кога нема да може да ги сервисира своите долгови.

Доколку се договорат околу тоа, се шпекулира дека министрите за финансии на земјите членки на еврозоната може да одржат телефонска конференција кон средината на следната седмица, но засега се’ уште нема официјална потврда за оваа информација.

Се нагаѓа, исто така, дека доколку дојде до успешно завршување на сегашната програма на финансиската помош и договорот околу реформите коишто Грција мора да ги спроведе, министрите за финансии од земјите од еврозоната може да се сретнат на вонредна седница по католички Божик и ќе ја одобрат исплатата на последната транша од помошта во износ од 7,2 милијарди евра.

Без новата финансиска инјекција, Грција до 20-ти април ќе остане без пари да ги отплаќа своите долгови и да ги плаќа државните службеници, Парите, исто така, ѝ се неопходни за докапитализација на банките, откако Грците само минатиот месец од банките подигнаа повеќе од седум милијарди евра во страв од банкрот и можноста Грција да ја напушти еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП