20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас вели дека не сака раскол со Европа

Ципрас вели дека не сака раскол со Европа

cs

Откако Грција им го предаде на своите доверители списокот со реформите за да ги озбезбеди парите кои ќе го спречат нејзиниот банкрот, премиерот Алексис Ципрас изјави дека не сака раскол со Европа.

Влада на радикалната грчка левица која што ја предводи Алексис Ципрас договори во февруари продолжување на пакетот надворешна финансиска помош тежок 240 милијарди евра, иако помошта е замрзната, а сега мора да биде постигнат договор за низата реформи коишто во петокот им ги предаде на кредиторите, Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, за да го избегне банкротот.

Доколку Грција, чии граѓани се исцрпени од жестоките мерки за штедење, не успее да дојде до потребните финансиски средства, на 20-ти април ќе остане без пари, изјави неименуван извор за Reuters во вторникот.

„Проблемот со ликвидноста, секако, ја отежнува ситуацијата, меѓутоа верувам дека ќе го решиме штом ќе постигнеме договор за реформите“, изјави Ципрас во интервјуто за неделното издание на Real News.

Откако одговараше на прашањата за владиниот обид да се справи со корупцијата, Ципрас запрашан дали сака раскол со Европа или решавање на проблемите одговара „Јас постојано го посакувам истото: раскол со корупцијата, решение со Европа“.

Претходно во саботата, грчкиот министер за енергетика Панајотис Лафазанис, кој се смета за еден од најлевичарските министри во владата на Ципрас, ја нападна „погерманчената Европска унија… Којашто од седмица во седмица се’ повеќе ја стега јамката околу грчката економија“.

Атина тврди дека предложените реформи ќе ги зголемат државните приходи во 2015 година, за три милијарди евра, делумно и со спречувањето на затајувањето на данокот, но најавува и дека ќе се спротистави на новите „рецесиски мерки“, како што се новите намалување на надниците или пензиите.

Преговорите меѓу Атина и Брисел траат, а грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис во неделното издание на весникот То Вима изјави дека меѓу реформите не е зголемувањето на данокот на додаден вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП