4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУспешно лансирани уште два сателита од проектот Галилео

Успешно лансирани уште два сателита од проектот Галилео

galileo_logo11111

Европската унија (ЕУ) успешно во петок вечер лансираше два навигациски сателита, во рамки на проектот Галилео, со што продолжи разместувањето на европските сателити за глобално позиционирање во Земјината орбита, по повеќемесечен застој предизвикан заради технички и финансиски проблеми.

Сателитите, лансирани со ракетата Сојуз од европската вселенска станица во Француска Гвајана, ќе бидат дел од европскиот навигациски систем Галилео, што ќе му биде конкуренција на американскиот глобален систем за позиционирање познат како ГПС.

Повеќе милијарди евра вредниот проект доживеа тежок удар во август минатата година кога два сателита беа поставени во погрешна орбита, што дополнително ги нагласи претходно присутните проблеми со пробивањето на роковите и со финансирањето, со постојаните прашања дали на Европа воопшто и треба тој систем.

По повеќе месеци работа и дополнителни пари, двата спорни сателити се поставени во соодветните орбити.

Двата сателита лансирани во петокот успешно ја достигнаа својата орбита на височина од 23,500 километри над површината на Земјата, објави Европската вселенска агенција(ЕСА).

По ова лансирање, во орбитата се наоѓаат осум од вкупно 30 предвидени сателити.

ЕУ до 2020 година одобри буџет од седум милијарди евра за Галилео, проект што треба да ја зајакне позицијата на Европа на пазарот на сателитска навигација.

Оваа година би требало да бидат лансирани уште два сателита, со што следната година системот Галилео би можел да стане делумно оперативен. Комплетирање на проектот се очекува до 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП