4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали Грција се враќа на вистинскиот пат?

Дали Грција се враќа на вистинскиот пат?

grcija8

Предлогот реформи кои официјална Атина наскоро ќе го претстави пред кредиторите ке ја вратат економија на земјата на вистинскиот пат, без болните мерки за штедење.

Тоа се наведува во објавениот текст на грчката влада.

Во документот, кој е објавен во петокот, исто така се вели дека предложените реформи, кои техничките експерти ќе ги завршат во текот на викендот, ќе и донесат на Грција приход од три милијарди евра, без потпирање на намалувањето на платите и пензиите, како и раст на БДП од 1,4 проценти во оваа година, пренесува Франс прес.

На Грција и е потребно во наредните недели да постигне договор со кредиторите за да ја одблокира исплатата на наредната транша помош од заемот од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, за да продолжи со исплатата на долговите.

„Грчките експерти вечер ќе отпатуваат за Брисел за утрешниот состанок и за финализирање на листата реформи која ќе биде претствена во понеделник“, изјави неименуваниот извор од грчката влада за Франс прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП