18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте довербата на потрошувачите во Франција

Расте довербата на потрошувачите во Франција

francepariz1

Довербата на потрошувачите во Франција во месец март порасна достигнувајќи го највисокото ниво од месец ноември 2010 година.

Индексот на потрошувачката доверба кој го пресметува меѓународната истражувачка компанија „Nielsen“, порасна во месец март од февруарските 92 на 93 поени, соопшти Заводот за статистика Инсее.

Нивото на доверба на потрошувачите над 100 поени укажува на оптимизам, а нивото под 100 поени на песимизам.

Најнискиот индекс е забележан во октомври 2014 година кога тој изнесувал 87 поени, пренесува Ројтерс.

Во март бројот на Французи кои предвидуваат дека нивната лична финансиска ситуација во наредните месеци ќе се подобри, остана на минатомесечното ниво.

Истовремено, пропорцијата на домаќинствата кои големите купувања ги оцениле за целисходни, е зголемено за два поени.

Бројот на домаќинствата кои оценуваат дека цените пораснале, опаднал четврти месец по ред, на најниското ниво од декември 1999 година.

Индексот на невработеноста кој е показател за стравувањата во поглед на растот на невработеноста е намален за 13 поени, на најниското ниво од септември 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП