18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот се одвива по влажни коловози, на планинските превои има магла

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на планинските превои има магла

vlazni kolovozi

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Слаб дожд паѓа низ цела Македонија. На Попова Шапка се бележат слаби врнежи од снег. Посебно внимание е потребно на планинскиот премин Плетвар поради можни одрони.

На планинскиот премин Буково има појава на магла со видливост од 30 до 50 метри.

На територија на Струмица, поради оштетување на мост на река Турија, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на локалниот пат с. Просениково- с.Сарај, а сообраќајот се одвива по заобиколен пат.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП