4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија: Надворешниот долг зголемен за 42%

Русија: Надворешниот долг зголемен за 42%

rusija3

Надворешниот долг на Русија во 2012 година е зголемен за 41,8 проценти, пресметано во долари.

Доколку се пресметува во евра, долгот е зголемен за 38,6 проценти, покажуваат податоците на руското Министерство за финансии.

На 1 јануари 2013 година, обемот на надворешниот долг на земјата бил 50,77 милијарди долари или 38,33 милијарди евра.

Во 2011 година, рускиот надворешен долг во споредба со 2010 година бил намален за 10,4 проценти, пресметано во долари, а за 8,4 проценти пресметано во евра, пренесуваат странските медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП