4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBlackBerry конечно бележи профит

BlackBerry конечно бележи профит

blackberry

Канадскиот производител на мобилни телефони „BlackBerry“ го заврши четвртиот квартал од својата фискална година со нето профит.

Тоа ја подгрева надежта дека канадската групација ќе може конечно да ги собере „плодовите“ од својата реорганизација.

Во кварталот завршен на 28. февруари 2015 година, четвртиот квартал на „BlackBerry“ во неговата фискална година, остварен е нето профит од 28 милиони долари, што изнесува пет центи по акција, додека една година претходно беше забележана загуба од 148 милиони долари (28 центи по акција).

Кога ќе се исклучат вонредните ставки, кварталниот профит изнесувал 20 милиони долари, што е четири центи по акција.

Кварталниот приход, сепак, опаднал на 660 милиони долари, додека една година претходно изнесуваше 793 милиони долари, пренесува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП