18 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстро забавен растот на американската економија

Остро забавен растот на американската економија

amerika-sad-amerika-amam

Американската економија во четвртиот квартал од минатата година  порасна за 2,2 отсто на годишно ниво, по значително побавно темпо во споредба со претходното тромесечје, објави во петокот американското министерство за трговија.

Со тоа е потврдена втората проценка на растот на бруто домашниот производ (БДП), иако аналитичарите очекуваа дека министерството би можело да ја крене на 2,4 отсто.

Во третото тромесечје од 2014 година растот изнесуваше пет отсто.

Во конечната проценка, министерството нагоре ги ревидираше податоците за личната потрошувачка, според кои во периодот од октомври до декември нејзиниот раст изнесувал 4,4 отсто, што е најбрз раст за последните девет години.

Позитивните ефекти од личната потрошувачка ги анулираше податокот за увозот, исто така ревидиран нагоре, покажувајќи скок на увозот за 10,1 отсто.

Товар на ДБП-то, беше и остриот пад од 7,3 отсто на јавната потрошувачка и слабиот раст на инвестициите во залихи.

Во последниот квартал од 2014 година намалена е добивката на компаниите за 1,4 отсто во однос на претходното тромесечје, кога порасна за 3,1 отсто. За цела 2014 година добивката на компаниите падна за 0,8 отсто, по 4,2-отстотниот раст во 2013 година.

Американскиот БДП во минатата година пораснал за 2,4 отсто, забрзувајќи со благо темпо по растот од 2,2 отсто во 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП