5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалената загриженост поради Јемен ја спушти цената на нафтата

Намалената загриженост поради Јемен ја спушти цената на нафтата

nafta33

Цената на нафтата се спушти во петокот на светските берзи кон 58 долари со оглед дека попушти стравувањето од можно нарушување во снабдувањето од Блискиот исток поврзано со воената интервенција од Саудиска Арабија и нејзините сојузници во Јемен.

На лондонската берза цената на барел сирова нафта падна 1,05 долари во однос на претходното затворање, на 58,14 долари. На американскиот пазар со барелот се тргува исто така по 1,05 долари, од 50,38 долари.

Во четвртокот цената на нафтата заврши во плус од пет отсто, најголема дневна добивка во последниот месец, откако воздушните напади на Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници врз шиитските Хути ги поттикнаа стравувањата од ексалација на Блискиот исток, што би можело да го наруши снабдувањето.

Доколку борбите во Јемен прераснат во регионален судир, цената на нафтата би можела да расте, смета Џонатан Барат од Ayers Alliance, но напоменува дека е малку веројатно да дојде до блокада на теснецот Нан ел-Манеб, низ кој дневно минуваат 3,8 милиони барели нафта.

„Учесниците на пазарот сега се обидуваат да проценат колку долго геополитичките настани ќе влијаат врз цената на нафтата“, нагласи Барат.

Јемен произведува релативно малку нафта, околу 145.000 барели дневно во 2014, поради што од Goldman Sachs оценуваат дека воздушните напади само ограничено ќе влијаат врз цените, а и танкерите би можеле да избегнат да минуваат низ територијалните води на Јемен.

OPEC објави дека цената на барел кошничка нејзина нафта во четвртокот изнесуваше 54,55 долари, што значи дека порасна за 3,72 долари, во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП