28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција ќе забележи економски раст од 1,5 проценти пред 2016

Франција ќе забележи економски раст од 1,5 проценти пред 2016

vals

Француската економија би можела да достигне економски раст од 1,5 проценти пред 2016 година, изјави францускиот премиер Мануел Валс.

„Статистичкиот завод Инсее како и останатите релевантни институции предвидоа дека економскиот раст од околу 1,5  ќе биде достигнат во 2016 година“, изјави францускиот премиер во интервјуто за И-Теле.

Како што вели, во тој период би требало да се дојде и до значително намалување на невработеноста во Франција.

„Лично сметам дека сме во состојба тоа ниво на економски раст да го постигнеме и пред тоа“, истакна Валс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП