4 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзаири: Македонија има план за намалување на штетните гасови и справување со...

Изаири: Македонија има план за намалување на штетните гасови и справување со климатските промени

Image (10)

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири во петок на конференција во Турција ги презентираше досегашните и идни акции на Македонија за намалување на емисиите на стакленички гасови и за справување со климатските промени.

Изаири учествува на состанокот на високи претставници на земјите членки на ЕКО Секретаријатот (Economic Cooperation Organization), на балканските држави и на интернационалните организации, што се организираше во рамките на EКO Конференцијата за климатски промени која од 25-27 март се одржува во Сафранболу во Турција.

„ Со оваа нова фаза во меѓународната соработка за климатските промени, треба да дадеме придонес преку остварување на акции што ќе резултираат со вистински намалувања на емисиите и соодветни мерки за приспособување и преку заедничка работа да достигнеме силна економска, одржлива и климатски флексибилна иднина“, истакна министерот Изаири.

Инаку, состанокот е во согласност со одлуката на петтиот ЕКО Министерскиот состанок за животна средина и има за цел да се унапреди регионалната агенда за 21-та седница на Конференцијата на Страните (COP) на рамковната Конвенцијата за климатски промени на Обединетите Нации (UNFCCC) која треба да се одржи во декември 2015 година во Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар