8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШефот на Apple Тим Кук одбил 75 милиони долари од дивиденда

Шефот на Apple Тим Кук одбил 75 милиони долари од дивиденда

221535_tim-kuk2-ap_f

Тим Кук, извршниот директор на технолошкиот гигант „Apple“ одби исплата „тешка“ околу 75 милиони долари.

„Apple“ од јули ќе исплаќа квартална дивиденда од 2,65 долари по акција, што е за прв пат од 1995 година компанијата да најави дивиденда, пренесува BBC.

Меѓутоа, Кук не сака да ја подигне дивидендата, на сопствено барање, покажуваат податоците предадени во Комисијата за хартии од вредност. Меѓутоа, не е соопштено зошто.

Неодамна беше објавено дека Кук е најплатениот шеф во САД, со приходи повисоки од 300 милиони долари. Тој минатата година, како што пренесе Волстрит Журнал, заработил 378 милиони долари.

Неговата основна годишна плата изнесува 900.000 долари. Претходниот на Кук, Стив Џобс, имаше надалеку позната годишна плата од еден долар.

Откако почина Џобс, многу експерти сметаа дека „Apple“ би можел да се бори за да ја одржи својата репутација во иновациите на производите и дека му се заканува заминување на таленти. Сепак, тоа не се случи.

Компанијата поседува околу 110 милијарди долари во готовина. Во март „Apple“ соопшти дека ќе ја искористи својата готовина за на акционерите да им исплати дивиденда, како и за откуп на некои свои акции. Се смета дека „Apple“ во наредните три години за тоа ќе искористи 45 милијарди долари.

На почетокот на годината акциите на компанијата вредеа 644 долари, кога пазарната вредност на компанијата изнесуваше повеќе од 600 милијарди, што „Apple“ го стави на самиот врв на листата со највредни компании во светот. Акциите подоцна опаднаа на 562 долари, а пазарната вредност на компанијата сега се проценува на 525 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП