5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајглупавиот потег во историјата на маркетингот: Adidas го одби Џордан

Најглупавиот потег во историјата на маркетингот: Adidas го одби Џордан

mj adidas111

Германскиот производител на спортска опрема „Adidas“ одбил да потпише договор со Мајкл Џордан во 1984-та година, тврди „Wall Street Journal“.

Според зборовите на еден од поранешните вработени во германската компанија, Џордан сакал да соработува со „Adidas“, но тогаш било одлучено дека за нив центрите се приоритет.

Тоа се случило додека Џордан бил дел од Универзитетот Северна Каролина, а ретко кој тогаш можел да процени дека тој, 30 години подоцна ќе стане првиот спортист меѓу милијардерите.

Меѓутоа Џордан ништо не изгуби, затоа што не доби договор со „Adidas“, туку уште подобро за него. Тој потпиша со „Nike“ и стана најголема ѕвезда на американскиот спортски бренд, што остана и откога се пензионираше од кошарката.

„Во 1984-та година „Adidas“ направи грешка која ги надмина сите останати. Ѕвездата на Универзитетот Северна Каролина, Мајкл Џордан, сакаше спонзорски договор со „Adidas“ кога стана професионалец. Дистрибутерите на „Adidas“ го посакуваа Џордан, но раководните лица на компанијата во Германија одлучиле дека луѓето кои ги купуваат нивните производи повеќе сакаат центри. Иако многумина рекле дека никој неможе да се поврзе со толку високи играчи, никој не ја прифатил оваа сугестија “, тврди „Wall Street Journal“, кој го цитираше неименуваниот поранешен вработен во германската компанија.

Сигурно дека во „Adidas“ сега жалат што не донеле таква одлука, a иако тие на крајот се одлучија за Карим Абдул-Џабар, неговата популарност неможе да се спореди со таа на Џордан.

Потсетуваме, „Adidas“ ја повтори грешката во 2008-ма година, кога наместо да го избере Новак Ѓоковиќ, тие се одлучија за Енди Мареј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП