3 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAdidas најави враќање на производството во Европа од Азија

Adidas најави враќање на производството во Европа од Азија

adidas-store

Германскиот производител на спортска операма „Adidas“ вчера го претстави новиот план за деловен пресврт, со кој се предвидува враќање на производството во Европа од Азија, јавува британскиот јавен сервис BBC.

„Ќе го вратиме производството таму каде што се клучните пазари“, изјави извршниот директор на „Adidas“, Херберт Хајнер.

„Adidas“ очекува дека ваквата измена на работењето ќе му помогне новите производи да станат побрзо достапни, како и дека со тоа ќе се зголеми нето профитот на компанијата за 15 проценти годишно до 2020 година.

Германската компанија, исто така, соопшти дека тестира автоматизирани производни единици кои ќе го забрзаат процесот на производството и ќе им овозможат на клиентите да го персонализираат своето купување. Овој план, сепак, не остави голем впечаток кај инвеститорите, јавува британскиот сервис.

„Adidas“ настојува да добие поголем удел на пазарот и да закрепне од неуспесите во претходниот деловен план, кој не и помогна на компанијата во остварувањето на целите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП