19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПортугалија успешно го намалува буџетскиот дефицит

Португалија успешно го намалува буџетскиот дефицит

pad-namaluvanje-pad

Буџетскиот дефицит на Португалија минатата година е намален на 4,5 проценти од бруто домашниот производ (БДП), резултат кој е под владините проекции од 4,8 проценти за таа година.

Целното ниво на јавниот дефицит на четири проценти од БДП во 2014 година, кој од Португалија го бараа доверителите, Владата во Лисабон  мораше да го зголеми поради вклучувањето на долговите од јавните транспортни претпријатија во буџетот, соопшти Заводот за статистика ИНЕ.

ИНЕ истовремено го ревидираше надолу буџетскиот дефицит од 2013 година, од 4,9 на 4,8 проценти, пренесува агенцијата АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП