13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМаглата ја намалува видливоста на Стража, Буковo и Плетвар

Маглата ја намалува видливоста на Стража, Буковo и Плетвар

magla-avtopat

Сообраќајот на патиштата низ Македонија се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Намалена видливост поради магла до 100 метри има на планинските премини Стража, Буково и Плетвар, а на планинскиот премин Ѓавато видливоста е до 50 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП