26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерот за животна средина на конференција во Турција

Министерот за животна средина на конференција во Турција

Image (5)

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири во петок ќе престојува во Сафранболу во Турција.

Тој ќе учествува и ќе земе збор на EКO Конференцијата за климатски промени во делот наменет за високи претставници на земјите членки на ЕКО Секретаријатот (Economic  Cooperation Organization), на балканските држави и на претставници на интернационални организации.

Во овој дел од конференцијата, министерот Изаири ќе ги презентира досегашните и идни акции на Македонија за намалување на емисиите на стакленички гасови и справување со климатските промени во пресрет на Парискиот климатски самит 2015 (COP21).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП