2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПлатите во Германија пораснале за рекордни 1,7 отсто

Платите во Германија пораснале за рекордни 1,7 отсто

germanija-berlin

Во Германија во минатата година бил забележан најизразен раст на платите од 2008 година, откако се следи овој податок, покажуваат податоците што ги објави во четвртокот Destatis.

Ова е најнова во низата позитивни сигнали за личната поторшувачка во најголемата европска економија.

Реалните плати во 2014 година пораснале за 1,7 отсто, објави германскиот завод за статистика, ревидирајќи ги премилимарните проценки за 0,1 отстотен поен. Во 2013 година паднаа за 0,1 отсто.

Работник вработен со полно работно време лани во Германија во просек заработил 46.575 евра пред одбивањето на даноци, а со вклучени посебни исплати.

Најголеми плати биле забележани во секторите банкарство, комуникации и информатика.

Номиналните плати, пак, скокнале за 2,6 отсто во споредба со претходната година, далеку посилно од поторшувачките цени, која во наведениот период се зголемила за 0,9 отсто.

Ова е добра вест за личната потрошувачката, која се очекува и оваа година да биде носител на економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП