4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП отвори нов шалтер за РДТ во зградата на МРТ

УЈП отвори нов шалтер за РДТ во зградата на МРТ

ujp 32

Нов специјализиран шалтер на Управата за јавни приходи (УЈП) за давање на услуги поврзани со радио-дифузната такса (РДТ), отворен е на приземјето во зградата на Македонската радиотелевизија.

Со отворањето на овој шалтер, граѓаните и фирмите ќе можат на една локација да ги користат услугите за РДТ на двете институции, на УЈП надлежна за утврдување и наплата на радиодифузната такса и на ЈП Македонска радиотелевизија (МРТ) надлежна за исправка и ажурирање на адресни и матични податоци на обврзник за радиодифузна такса.

Целта на отворањето на Даночниот шалтер за РДТ, кој ќе работи секој ден од 08.30 до 18.00 и во саботите од 08.30 до 14.00 часот, е побрзо и поефикасно постапување по барањата и разрешување на состојбите со кои се соочуваат обврзниците на радиодифузна такса, како на пример: издавање на копија од решение за РДТ (изгубено или непримено решение), доставување докази од обврзниците за извршени уплати со цел прекнижување, затворање на заостанатите долгови во решенијата или опомените кои им ги доставила УЈП, издавање на аналитичка картица и други услуги и информации поврзани со евиденцијата на РДТ, плаќањето и постапките за наплата кои ги спроведува УЈП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП