22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБРМ го усвои извештајот за работењето на внатрешната ревизија

НБРМ го усвои извештајот за работењето на внатрешната ревизија

narodna banka mk2

Советот на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) го усвои Извештајот за работењето на внатрешната ревизија за 2014-та година, при што беше констатирано дека Дирекцијата за внатрешна ревизија целосно ја спроведе својата Програма за работа.

Притоа е констатирано дека во текот на минатата година биле извршени вкупно 18 редовни ревизии на 35 работни процеси, при што за утврдените наоди беше дадена вкупно 61 препорака за подобрување на системот на интерни контроли.

„На редовна квартална основа се следеше спроведувањето на дадените препораки и сознанијата од извршените следења укажуваат на тоа дека препораките главно се почитуваат и се остваруваат во зададените рокови. Нивото на остварување на дадените препораки во 2014 година е исполнето со 96,4 отсто“, се вели во сопштението.

Внатрешната ревизија ги остваруваше своите основни цели преку систематско оценување и давање препораки за подобрување на процесот на управувањето со ризиците, адекватноста и ефективноста на внатрешните контроли, давајќи уверување за ефикасна и економична употреба на ресурсите, безбедно чување и заштита на средствата, веродостојност и интегритет на финансиските и другите информации и усогласеност на работењето со законските и подзаконските акти, интерните политики и процедурите за работа.

На денешната седница Советот на Народната банка на Република Македонија, Одлуките за издавање и за пуштање во оптек на кованите пари за колекционерски цели „Близнаци’’ и „Рак’’ од серијата „Хороскопски знаци’’. Кованите пари „Близнаци’’ и „Рак’’ се со апоен од 10 денари во количина од 7000 парчиња.

Советот го усвои и новиот Правилник за истражувачката активност, кој овозможува натамошно унапредување на рамката за истражувачката активност и нејзино усогласување со светските практики.

Правилникот обезбедува средина во која се стимулира истражувачката активност и ги поттикнува вработените за објавување трудови во меѓународни списанија со фактор на влијание, во функција на натамошно зајакнување на институционалниот капацитет и поширока промоција на институцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП