26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрошоците на одбраната на минималниот курс на франкoт беа преголеми

Трошоците на одбраната на минималниот курс на франкoт беа преголеми

swiss_national_bank

Швајцарската централна банка (SNB) објави дека потрошила 25,8 милијарди франци на одбрана на курсот кон крајот на минатата година, пред да оцени дека оваа мерка е прескапа во споредба со бенефитите кои ги има економијата.

Во јануари SNB го укина минималниот курс на франкот кон еврото од 1,20 франци за евро, поттикнувајќи ги ставувањата дека овој потег тешко ќе ја погоди извозно ориентираната швајцарска економија. Потегот ги шокираше и берзите, предизвикувајќи силен скок на швајцарската валута.

Од SNB упорно тврдат дека немале избор, но одлуката и натаму крева прашина, а политичарите во последно време ги заострија критиките на сметка на централната банка, поради забавувањето на домашната економија која делумно може да се припише на силниот франк.

„Трошоците за одржување на минималниот курс на франкот кон еврото од 1,20 франци за евро во голема мера би го надминала користот што го имаше економијата од ваквиот курс“, се наведува во годишниот извештај на банката.

Пред крајот на 2014-та година SNB  откупи девизи за вкупно 25,8 милијарди франци, додека во јануари вредноста на интевенцијата во одбрана на минималниот курс, според проценките на SNB ќе достигнеше 100 милијарди франци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП