8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВоената операција во Јемен ја крена цената на нафтата

Воената операција во Јемен ја крена цената на нафтата

nafta13236526565323

Цената на сировата нафта скокна во четвртокот на светските берзи кон 59 долари за барел откако Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници во Персискиот залив покренаа воена операции во Јемен.

На лондонскиот пазар Цената на барел сирова нафта скокна за 2,39 долари во однос на претходното затворање, на 58,87 долари. На американскиот пазар со барелот се тргува по 2,18 долари пониска цена, од 51,39 долари.

Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници во Персискиот залив покренаа во четвртокот воздушни напади врз позициите на побунетите шиитски Хути во Јемен, кои од главниот град го протераа претседателот на државата. Ова ги поттина стравувањата за безбедноста на испораките на нафта од блискоисточниот регион.

Воздушните напади на шиитската група во Јемен го зголемува ризикот од вмешување на Иран, долгогодичен ривал на Саудиска Арабија за превласт на Блискиот исток. Иранското министерство за надворешнир аботи побара итен прекин на сите облици на воена „агресија“ во Јемен.

Неименуван саудиски извор упатен во одбранбените прашања рече дека за воспоставување на редот во Јемен можеби ќе биде потребна копнена операција.

„Овие геополитички ризици веќе некое време се во втор план бидејќи акцент во последно време е ставен на глобалнто прекувремено снабдување“, напоменува Оле Хансен од Saxo Bank. „Со ова не е избришан проблемот од прекумерното снабдување и потенцијалот за раст на цените е ограничен, освен во случај на судири. Мораме да видиме како ќе се одвиваат работите во нареднит еденови“, додава Хансен.

За да извезуваат нафта во Европа, арапските производители мораат да  испраќаат бродови покрај брегот на Јемен, низ Аденскиот залив, за да дојдат до Суецкиот канал.

Најчувствителна точка на патот е теснецот Баб-ел-Мандеб (Порта на солзите), која е широка помалку од 40 километри. Според одредени проценки низ овој теснец во 2013 година минувале 3,8 милиони барели дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП