22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи паднаа, доларот под притисок

Азиските берзи паднаа, доларот под притисок

aziski-berzi

На азиските берзи цените на акциите денес паднаа, како последица на големите загуби на Волстрит од средата и новата криза на Блискиот исток, додека трендот на подемот на американскиот долар засега, веројатно, е запрен.

На Токиската берза индексот Nikkei претпладнето беше во минус од 1,4 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја и во Австралија паднаа меѓу 1 и 1,4 отсто. Берзанските индекси во Сингапур, Хонгконг и Шангај, пак, пораснаа меѓу 0,2 и 0,9 проценти, додека MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, претпладнето во четвртокот беше во негатива од 0,6 отсто.

Азиските инвеститори беа разочарани од падот на цените на акциите од средата на Волстрит, и тоа трет ден по ред, и тоа за повеќе од 1,4 отсто, што е во прв ред последица на податоците за порачките на трајните производи во февруари кои паднале за 1,4 отсто, што е шести месец по ред како инвестициите во САД опаѓаат.

Иако мнозинството аналитичари сметаат дека забавувањето ќе биде привремено, има и поинакви мислење. Веднаш по објавувањето на податоците за порачките, аналитичарите од „Goldman Sachs“ ги намалија процените за растот на американскиот бруто домашен производ (БДП) од 2 на 1,8 отсто на годишно ниво.

Наклонетоста на инвеститорите кон ризиците спласна и поради вестите дека Саудиска Арабија со десетина сунитски држави сојузнички во регионот во четвртокот започна воздушни напади врз позициите на шиитските бунтовници Хути во Јемен, кои му се приближија на јужниот град Аден каде се сокри јеменскиот претседател откако беше принуден пред еден месец да го напушти главниот град Сана.

Тоа предизвика стравувања од можно пореметување на снабдувањето на пазарите на нафтата, па цените пораснаа, иако и во средата поради падот на курсот на американскиот долар скокнаа за повеќе од 2,5 отсто. Така, во четвртокот претпладнето цената на нафтата на лондонскиот пазар зајакна за 2,5 долари, на 58,95 долари, додека на американскиот пазар барелот сирова нафта поскапи за 2,3 долари, на 51,50 долари.

И додека на повеќето азиски берзи цените на акциите во четвртокот паднаа, кинеските пазари, како што тоа често се случува, имаат свој посебен пат. Во Хонгконг и во Шангај индексите пораснаа, бидејќи инвеститорите очекуваат нови поттикнувачки мерки поради забавувањето на растот на втората според обемот светска економија.

На валутните пазари, пак, американскиот долар беше под притисок поради новите показатели на забавувањето на растот на американската економија, што најверојатно ќе предизвика тамошната централна банка Federal Reserve (Fed) да го одложи зголемувањето на каматите, барем до оваа есен.

Откако во средата ослаби за 0,2 отсто, во четвртокот претпладне индексот на доларот, кој ја покажува неговата вредност во однос на кошничката од шесте светски валути од земјите најголеми трговски партнери на САД, се лизна за дополнителни 0,2 отсто, на 96,78 поени. Со тоа дополнително се оддалечи од највисокото ниво во последните 12 години од 100,39 поени, на кое се искачи пред две седмици.

Така, цената на американскиот долар во однос на јапонскиот јен во четвртокот во првиот дел од тргувањето стабилно се движи околу 119,30 јени. Курсот на еврото, пак, кон американската валута достигна 1,0975 долари, додека во средата на затворањето од тргувањето изнесуваше 1,09030 долари. Така дополнителни се оддалечи од вредноста 1,0457 долари, најниското ниво во 12 години, на коешто се лизна пред две седмици.

„Иако ситуацијата на пазарите е чувствителни, стабилизацијата на еврото последните денови покажуваат дека во кус рок е постигната рамнотежа. Иако и натаму се заканува ризикот од слабеење на еврото, можеби влегуваме во период на консолидација по силниот подем на американската валута“, вели во анкетата на Reuters Џош О’Брајан, стратег во компанијата „CitiFX G10“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП