20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВолстрит падна трет ден по ред, економијата слабее

Волстрит падна трет ден по ред, економијата слабее

New York City - Helicopter tour

Поради забавувањето на растот на американската економија, на Волстрит во средата цените на акциите паднаа трет ден по ред, и тоа повеќе отколку претходните денови, додека американскиот долар слабее, а цените на нафтата се зголемија.

Индексот Dow Jones се лизна за 1,62 отсто, на 17.718 поени, додека индексот S&P 500 потона за 1,46 проценти, на 2.061 поен,а пак индексот Nasdaq падна за 2,37 отсто, на 4.876 индексни поени.

Падот на цените на акциите, во најголем дел, е последица на послабите отколку што се очекуваше макроекономски показатели. Падот на нарачките за трајните производи во февруари за 1,4 отсто, што е веќе шести месеци на пад на инвестициите, покажува дека растот на најголемите светски економии и натаму забавува.

Иако мнозинството аналитичари сметаат дека забавувањето ќе биде привремено, има и поинакви мислење. Веднаш по објавувањето на податоците за порачките, аналитичарите од „Goldman Sachs“ ги намалија процените за растот на американскиот бруто домашен производ (БДП) од 2 на 1,8 отсто на годишно ниво.

Слабеењето на економскиот разговор ќе ја наведе, најверојатно, американската централна банка Federal Reserve (Fed) да ги зголеми каматните стапки до есенва, но тоа во средата не ги примири инвеститорите, како ниту слабеењето на доларот. Американската валута во изминатата година кон кошницата од шестте светски валути од земјите најголеми трговски партнери на САД зајакна за околу 20 отсто, што го предизвика стравот на вложувачите од пад на приходите и заработките на американските мултинационални компании, чии производи поради тоа стануваат помалку конкурентни на светските пазари. Во средата, меѓутоа, споменатиот индекс на доларот ослаби за 0,25 отсто, на 96,95 поени. Со тоа дополнително се оддалечи од нивото од 100,39 поени, највисокото ниво во последните 12 години, коешто го достигна пред нецели две седмици.

„Силниот долар ги наведе аналитичарите на намалување на процените на заработките на компаниите, но доколку продолжи низата од слаби макроекономски извештаи, што би потврдило дека растот на економијата забавува, тоа сигурно ќе влијае врз пазарите“, вели за Reuters Чад Морганлендер, менаџер во компанијата „Stifel, Nicolaus & Co.“.

Со падот на курсот на доларот во средата поскапеа сите суровини чиишто цени се изразуваат во американската валута. Така цената нафтата на лондонскиот пазар скокна за 2,5 отсто, на 56,60 долари, додека на американскиот пазар барел сирова нафта поскапи за 3,6 отсто, на 49,20 долари. И тоа и покрај тоа што во Кина и во САД, резервите на нафтата се движат на рекордните нивоа.

Најголеми губитници, со пад поголем од 4 отсто, во средата беа биотехнолошкиот сектор и сектор производителите на чипови, поради што меѓу водечките индекси најсилен пад забележа Nasdaq, повеќе од 2 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП